Екстерно тестирање: Учениците на протест, платите на наставниците на конец?
Голем број средношколци денеска излегоа на протест во Скопје, за да побараат укинување на екстерното тестирање во училиштата. Во спротивно, се заканија учениците, сите ќе ги бојкотираат тестовите. Збирното место беше пред спомен куќата на Мајка Тереза, а учениците се собраа под мотото „Заедно да се избориме против екстерното тестирање!“
Според најавите, екстерните тестирања треба да почнат во понеделник и да траат до крајот на оваа училишна година. Учениците ќе бидат тестирани по два предмети избрани од државнот испитен центар, а во зависност од нивните одговори ќе може да се корегира нивната оценка , но и платата на наставникот ако неговата оценка не се поклопи со онаа на тестот.
Околу 200 илјади основци и средношколци треба да полагаат вакви тестови, а зесегнати се околу 15 илјади наставници.
Слично
