Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ексклузивно од Т-Мобиле: 10 бесплатни Samsung Galaxy S6 во City Mall на 19 април

Ексклузивно од Т-Мобиле: 10 бесплатни Samsung Galaxy S6 во City Mall на 19 април

На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т- Мобиле и Samsung приредуваат несекојдневно изнанадување за своите корисници на 19 април, недела, на вториот спрат во City Mall во Скопје од 12:00 до 15:00 часот.

Настанот ќе биде од забавен карактер и на големо изненадување на сите корисници ќе се подаруваат 10 Samsung Galaxy S6 преку одговарање на едноставни прашања со СМС.

s6 t-mobile 1

Истовремено, сите кои тој ден во Телеком продавницата во City Mall ќе го купат Samsung Galaxy S6 или S6 Edge, ќе го добијат одличниот Samsung S5mini за 1 МКД.

s6 t-mobile

Samsung Galaxy S6 Edge е еден од најдобрите телефони креирани од почетокот на годинава, со дуал странични дисплеи со кои ќе искусите живописни бои и драматичен контраст. Со светол, јасен и жив екран, Samsung Galaxy S6 Edge е исто толку софистициран и елегантен како што е и паметен. Под елитното, мазно тело, во мат-метал и стакло - лежи моќен процесор. Со најдобра интуитивна камера до сега воопшто интегрирана во телефон, и задната и предната камера го снимаат секој момент со исклучителна јасност за прекрасни фотографии во какво било опкружување и осветлување, дури и на многу светол, сончев ден како овој. И она што е најдобриот новитет е што Samsung Galaxy S6 Edge веќе не се полни на стандарден полнач, туку на посебен дисплеј со режим за заштеда на енергија и брзо полнење за само 10 минути. 100% безжично и со 0% употреба на штекер!

Слично

Поврзани вести