ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ, КАРОЛИНА ГОЧЕВА: НОВ АЛБУМ Е МОЈОТ ПОДАРОК ПОД ЕЛКА ЗА СИТЕ
Пред свадбата, ние воопшто не се ни трудевме да држиме нешто во тајност, ниту некому сугериравме дека не смее да каже што било. Тоа што ништо не се дозна до последниот ден е само знак дека нашите пријатели добро не познаваат.
Ова беше убава година за поп-ѕвездата Каролина Гочева. Професионално, ја започна со јубилеј на Државното музичко училиште во нејзината Битола каде што беше гостинка. Се вклучи во неколку кампањи за поддршка на лицата со посебни потреби, хуманитарни концерти, борбата против насилство брз жените. Со Дуке Бојаџиев ја промовираа песната „Свет без граници“. Годинава за Каролина завршува со промоција на новата песна „Ѕвона“, чиј автор е Никола Мицевски, која е најава новиот албум. Приватно, најсреќен ден и беше 23 септември, денот кога се омажи за својата љубов, уметникот Михаил Корубин. И свршувачката во Париз, која и се случи неколку дена по нејзиниот роденден, и фотографија од свадбата, таа прво ги сподели со нејзините следбеници на Инстаграм. Во ексклузивното интервју за „Женски магазин“ со Каролина се присетивме на најважните моменти од годинава што изминува, и откривме дел од плановите за следната година.
Интервјуто прочитајте го на Женски магазин, овде.