Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ексклузивна апликација за Sony Xperia Z2 овозможува пренос во живо преку „Јутјуб“

Ексклузивна апликација за Sony Xperia Z2 овозможува пренос во живо преку „Јутјуб“

Нова апликација за камера, наменета ексклузивно за  Sony Xperia Z2  телефоните, на корисниците им овозможува во живо да ја пренесуваат содржината на „Јутјуб“. Апликацијата се вика  Live on YouTube-by Xperia и на корисниците им нуди опција својот „во живо“ broadcasting да го прикажуваат на целиот свет или само на одбрани членови.

Функцијата може да се користи сегде каде е достапен „Јутјуб“, освен во Германија. Апликацијата практично секој кој поседува Sony Xperia Z2 телефон ја пртвора во телевизиска станица, но тука е предупредувањето кое „Јутјуб“ го истакна и кое забранува пренос на несоодветна содржина и заштитен материјал. За сега нема информации дали и кога апликацијата ќе биде достапна на другите Xperia модели. Доколку оваа апликација ви е интересна а имате  Xperia Z2 телефон, можете да ја преземете овде.

 
Слично

Поврзани вести