Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економскиот факултет – Скопје и АИЕСЕК Скопје ја организираат седмата меѓународна летна школа

Економскиот факултет – Скопје и АИЕСЕК Скопје ја организираат седмата меѓународна летна школа

Меѓународната летната школа е проект кој по седми пат се организира од страна на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј ” во Скопје и студентската интернационална платформа АИЕСЕК Скопје.

Темата на овогодинешната Школа „Направи разлика – стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ” е дефинирана во согласност со актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на патот кон нивното полноправно зачленување во Европската Унија, од една страна; и тековните проблеми и предизвиците со кои се соочува Унијата по последната економска криза, од друга страна.

Целта на проектот е пренесување на теоретските и практични искуства поврзани со новите сознанија во економијата и јавните политики во посткризниот период, а кои треба да се земат предвид во справување со економските проблеми и реформи во земјите од регионот во функција на јакнење на конкурентноста на нивните економии на патот кон ЕУ.

Интегрални тематски области:

Ø  Економски реформи и политики на патот кон ЕУ;

Ø  Финансиски пазари и институции

Ø  Институции и институционални реформи;

Ø  Економија базирана на знаење;

Ø  Претприемништво, бизнис и економски перформанси.  

Најавените тематски области ќе бидат покриени од академски кадар од реномирани и добро етаблирани универзитети, како и од експерти од релевантни домашни и меѓународни институции. Посебен простор на Школата ќе биде оставен за размена и пренесување на искуствата од успешните македонските компании.

Работен јазик на Меѓународната летна школа: англиски јазик

Период на одржување на школата:  07-13.8.2017

Локација: Конгресен центар, Охрид, Република Македонија

http://www.ukim.edu.mk/kc/index_eng.html

Аплицирај на:https://goo.gl/forms/0HXznLAr1JaZoJSl2

Надоместок:150 евра

Краен рок за аплицирање: 20-ти јуни 2017

Известување за прифатени кандидати: 20-ти јуни 2017

Facebook настан:https://www.facebook.com/events/132452063967282/

#InternationalSummerSchool #Makeadifference #EU #AIESEC #ECCF #UKIM

Слично

Поврзани вести