Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економски кампус за млади во рамки на „Млади маркетинг лидери“ во Крива Паланка

Економски кампус за млади во рамки на „Млади маркетинг лидери“ во Крива Паланка

Викендов во Крива Паланка заврши економскиот кампус на 37 млади од Македонија, Романија, Унгарија, Бугарија, Албанија и Црна Гора, во рамки на проектот „Млади маркетинг лидери“, кој е во функција на промоција на економските и туристичките потенцијали на Република Македонија.

- Основна цел на проектот е продлабочување на маркетинг знаењата преку подобро взаемно претставување и информирање во функција на директно поврзување на економиите на горенаведените држави, како и развојот на туризмот“, истакна Снежана Јовановска, претседател на Асоцијацијата за истражување, едукација и развој на „маркетинг портата“.

Таа додаде дека ова е одлична можност Крива Паланка како град на културата за 2013 година да направи и сопствено промовирање пред учесниците на работилницата како алатка за промовирање на природните богатства, културното наследство, фолклорот и традицијата со која располага градот и пошироката околина.

Без добра промоција, неопходни информации, добри идеи, производ или услуга сето ќе остане на лист хартија, а наша цел е да се оствари плодна соработка не само со овие држави, туку и со останатите заинтересирани земји од целиот свет, истакна проф. д-р Снежана Тодоровска.

Организатор на проектот „Млади маркетинг лидери“ е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје и општината Крива Паланка со поддршка од Европската комисија.

Слично

Поврзани вести