Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екипи на Град Скопје ги расчистуваат последиците од невремето

Екипи на Град Скопје ги расчистуваат последиците од невремето
Поради силното невреме со обилни врнежи што во изминативе неколку часа го зафати Скопје, екипите на Градот Скопје составени од вработени во ЈП „Водовод и канализација“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен и ги расчистуваат последиците  од него. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги одзатнуваат сливниците од атмосферската канализација што треба да го примат големото количество вода на неколку градски улици и булевари. Се отстрануваат и дефектите на неколку семафори кои поради силните електрични празнења престанаа да работат. Додека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на терен ги расчистуваат паднатите гранки и скршени дрвја кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Градот Скопје апелира до граѓаните да ги пријават сите забележани дефекти во светлосната патна сигнализација или скршените гранки и дрвја од силниот ветер на следниве телефони: Во ЈП „Паркови и зеленило“ -  02/3070 112 Во ЈП „Улици и патишта“ – 02/3162 317 Во ЈП „Водовод и канализација“ - 3073-010, 0800 22555 - бесплатен број
Слично

Поврзани вести