Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕФСЕ го зајакнува партнерството со Халкбанк со заеми во вкупен износ од 15 милиони евра

ЕФСЕ го зајакнува партнерството со Халкбанк со заеми во вкупен износ од 15 милиони евра

Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) ѝ додели заем на Халкбанк АД Скопје во висина од 15 милиони евра за поддршка на приватниот сектор за домување и за поддршка на микро и малите претпријатија (ММП).

Приоритетните заеми – 10 милиони евра за проекти за домување и 5 милиони евра за претпријатијата – ја зголемуваат способноста на Халкбанкза финансирање на проектите за домување и реновирање на домовите за физички лицаи обезбедување долгорочни заеми за ММП. Халкбанк и ЕФСЕ се партнери од 2006 година и Фондот континуирано нуди финансиски средства за кредитирање на домаќинствата и микро и малите претпријатија во Македонија, поддржувајќи ја стратешката ориентација на Халкбанк кон овие сегменти на пазарот.

Претседателот на Управниот одбор на ЕФСЕ, г-дин Кристоф Тискенс рече: „Овие заеми се последните во долгата линија на инвестиции, што го нагласуваат силното партнерство на ЕФСЕ со Халкбанк. Ние соработуваме една деценија и посветеноста на двата партнери, на приватните домаќинства и малите претпријатија продолжува со исто темпо.“

„Овие заеми се во согласност со мисијата на Халкбанк за обезбедување банкарски услуги со кои ќе се поддржи долгорочниот и одржлив развој на приватниот сектор со проекти за реновирање на домовите, прилагодени на пазарот на население во Република Македонија.Соработката со ЕФСЕ има значајно и големо влијание особено во развојот на нашите клиенти во доменот на микро и мали претпријатија и поддршката на секторот за работа со население во Република Македонија. Со овие заеми банката продолжува со својата мисија за промовирање на економскиот развој и благосостојбата на граѓаните во регионот“ – рече г-дин Турхан Адеми, в.д. Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Слично

Поврзани вести