Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eфикасни тимови и квалитетна содржина е најдобриот амалгам за успешен трговски центар

Eфикасни тимови и квалитетна содржина е најдобриот амалгам за успешен трговски центар
Даниела Адемоска, сопственик и генерален директор на Капитол мол вели дека овој трговски центар за две години изгради огрмна база на потрошувачи, но дека мора постојано да се нудат новитети. „Вие ја избирате понудата и добавувачите, но она што тековно се случува под влијание на барањата и потребите на потрошувачите вé менува вас. Среќни сме што во овие 2 години постоење, изградивме  огромна база на задоволни потрошувачи и со нашето постоење го подобривме квалитетот на животот обезбедувајќи повисоки стандарди, подобра услуга и поголема понуда. Но, подготвеноста на континуирано усовршување и прилагодување е она што мора да се усвои и да се имплементира во работењето, како и прифаќањето на фактот дека сè се менува многу брзо“ Овој декември Капитол Мол го слави својот втор роденден. За првиот роденден имавте интересен концепт. Каква е вашата приказна оваа година? Капитол мол го прослави својот втор роденден на 12 декември 2015 година.  Прославата на роденденот  ја почнавме на 11 декември со модно шоу каде беа застапени модните брендови до Капитол мол. Следниот ден си замисливме желби преку детската театарска претстава „Роденденска честитка“, пеевме заедно на настапот на Тамара Тодевска  и танцуваме со ,,Поточиња”, а останатите уживаа во најкреативната чоколадна работилница за деца. Оваа сабота на 19 декември, ќе учиме нешто повеќе за Лего магијата од 12.30 часот, а час подоцна децата ќе се забавуваат со приказните на Дедо Мраз.  Во петок, на 25 декември од 18 часот ќе ни гостува Театарот на сенките „Сонот на облачето“ со претставата  ,,Нашиот штрк Силјан”, а недела 27 декември е резервирана за новогодишната претстава за деца „Желби, желби“ од 12.30 часот. DSC_2017 Се трудевме да креираме избалансираната содржина за млади, деца и за возрасни каде секој ќе најде содржина за себе. Сите активности се бесплатни за посетителите и редовно се апдејтирани на нашата страница на Фејсбук, па следете нé! По две години опстојување, што научивте од водењето на Капитол Мол? Водењето на една волку динамична содржина како трговски центар е комплексна материја, но токму затоа е и неверојатно интересна. Вие ја избирате понудата и добавувачите, но она што тековно се случува под влијание на барањата и потребите на потрошувачите вé менува вас. Среќни сме што во овие 2 години постоење, изградивме  огромна база на задоволни потрошувачи и со нашето постоење го подобривме квалитетот на животот обезбедувајќи повисоки стандарди, подобра услуга и поголема понуда. Но, подготвеноста на континуирано усовршување и прилагодување е она што мора да се усвои и да се имплементира во работењето, како и прифаќањето на фактот дека сè се менува многу брзо. DSC_2605 Кој е вашиот најголем предизвик во работењето? Поместување на границите! Никогаш не знаеме колку можеме. Она што некогаш ни се чини недостижно, во некој друг момент од работењето дури и го надминуваме.  Она што освен бизнисот го работам е да им помогнам на вработените да ги поместуваат границите на својот развој. Да ги инспирирам да сонуваат повеќе, да учат повеќе, да направат повеќе и да станат повеќе. Но фактот дека за две години успеавме да изградиме ефикасен тим чиј успешен амалгам резултира со одлична атмосфера и деловен успех, е повеќе од задоволство и сатисфакција. DSC_0194 Вашата понуда е веќе добро воспоставена, иако очигледно е дека постојано работите на подобрување на содржината во трговскиот центар. Што можеме да очекуваме во 2016 како новитет, понуда или план? Тимот на Капитол Мол е составен од луѓе кои делат исти човечки вредности и работат на постигнување на заедничките цели на Капитол Мол. Тоа се луѓе кои разбираат дека потрошувачите секогаш сакаат повеќе, подобро и поинакво. DSC_9675 Затоа сме подготвени на постојани промени и развивање на услуги и проекти кои ги исполнуваат тие очекувања. Само со таква екипа нашите проекти ни овозможуваат успех на долги патеки. По празниците нè очекуваат уште многу други мигови за славење веќе на почетокот на следната година, но за тоа ќе треба да нè посетите и да нè доживеете. Што е за вас успех, како го дефинирате? Успехот, како и сè останато е релативна работа, а понекогаш и лична перцепција. Она што секогаш прави да се чувствувам добро е работата, сознанието дека давам од себе највеќе што можам. DSC_1540 Но, важно е и опкружувањето, односно, да го поминуваме времето со луѓе што нè оплеменуваат и му даваат тон на нашиот деловен и семеен живот.      
Слично

Поврзани вести