Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДС нема земено ниту денар од УЈП, ВМРО ДПМНЕ покажува несериозност со прес конференција за веќе демантирана вест

ЕДС нема земено ниту денар од УЈП, ВМРО ДПМНЕ покажува несериозност со прес конференција за веќе демантирана вест

ЕДС веќе се произнесе во врска со искажаните невистини и е повеќе од смешно и крајно несериозно што политичка партија држи прес конференција за веќе демантирана информација.

Нашиот став ќе го повториме уште еднаш -  ЕДС нема земено ниту еден денар од УЈП по основ на наплата на каков било долг во однос на ФЕНИ. ЕДС никогаш не ја реализира наплатата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители.

Како што претходно кажавме заради изнесени лаги и неосновани наводи, во врска со нашата компанија, ЕДС преку своите правни застапници ги презема и ќе ги преземе сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на угледот и честа на компанијата.

Слично

Поврзани вести