„Јавниот оглас за јавна набавка на картичките ќе биде распишан наскоро. Всушност, од овој месец почнува печатењето на картичките. По изборот на банка имплементатор, во соработка со подрачните единици на МЗШВ и банката, ќе се соберат барањата за аплицирање за „зелена нафта“ и барањата за отворање наменска дебитна картичка по формулар пропишан од банката. Отворањето на наменските земјоделски сметки за картички што ќе се користат за „зелена нафта“, зависно од логистичкиот капацитет на банката имплементатор, ќе биде не повеќе од еден месец“, велат од МЗШВ.
Плаќањето ќе се врши авансно, за што е задолжена Платежната агенција без избор на повластен снабдувач на гориво“, информираат од МЗШВ.
Со овој проект , земјоделците ќе купуваат многу поефтина нафта.
