Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден град ќе се подели на три помали

Еден град ќе се подели на три помали

Австралискиот град Сиднеј со најмногу жители најави дека во следните 20 години ќе се подели на три дела, односно на три градови.

Овој план е наречен „Метропола на три градови“ и е објавен од страна на владината агенција задолжена за користење на земјиштето.

Со поделба на три градови Сиднеј ќе се обиде да ги реши проблемите, како што се големиот прилив на население, исклучително високата цена на домување и сѐ поголемиот застојот на сообраќајот. Градските власти очекуваат подобар пристап на жителите до своите домови, бизниси и услуги, пренесува Klix.

„Ние сакаме жителите на Сиднеј да имаат квалитетен живот“ – вели портпаролот на комисијата, во изјава за Си-Ен-Ен.

Градот  ќе биде поделен на Источен пристаништен, Централен речен и Западен парковски град.

Слично

Поврзани вести