Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦОТИП ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ФИЛАНТРОПИЈА „ОКО“ ЗА 2021 ГОДИНА

ЕЦОТИП ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ФИЛАНТРОПИЈА „ОКО“ ЗА 2021 ГОДИНА

Наградата за филантропија „ОКО“ за 2021 година е доделена. Добитник во категоријата „Корпоративна филантропија за мали компании“ ја доби компанијата ЕЦОТИП од Скопје. Компанијата е номинирана за донацијата на 35 пречистувачи за воздух од марката Blueair во две кавадаречки училишта.


Генералниот менаџер г-дин Илија Андреевски при доделувањето изјави дека компанијата ЕЦОТИП ќе продолжи со донаторските активности и во иднина бидејќи смета дека потребата за помагање е основна човечка емоција која треба да ја негуваат и одржуваат сителуѓе. Оваа награда која има посебна духовна и човечка вредност треба да пренесе порака до бизнисмените но и сите оние кои можат да помогнат со одредени ресурси да го направат тоа и да ја споделат позитивната енергија што со себе ја носи помагањето и донирањето.  

Наградите за филантропија ОКО се доделуваат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) кој го имплементираат членките на регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан - SIGN, а финансиран од ЕУ, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународен развој.


Слично

Поврзани вести