Економија, финансии, бизнис

Контакт

e-matematika.mk - Интернет страница за полесно изучување на материјалот по математика

e-matematika.mk - Интернет страница за полесно изучување на материјалот по математика

Љубовта кон математиката и воопшто кон природните науки била причината Панче П. да ја направи интернет-страницата „Е-математика“. Идеата за креирање на овој портал за математика датира уште од 2012 година. Од ден на ден содржината на лекции на страната се надградуваше со нови теми, се воведуваа нови рубрики, занимливи задачи, и многу корисни информации за љубителите на математиката. 

Е-математика ги содржи најбитните лекции по математика, описни задачи врзани за секоја лекција, а исто така има и неколку видео-лекции, како кратки презентации за одредената тема или лекција. На Порталот има и интерактивен дел за читателите, а тоа се најчесто интересни математички прашања, задачи, досетки итн...

Покрај математичките лекции, на Веб страната имаме и професори кои им помагаат на учениците во решавањето на некоја задача, или приватно им држат часови по математика. Многу често бараат препорака за одреден професор, па затоа ставивме листа со професори кои даваат часови по математика за да им помогнат, бидејќи овој предмет бара континуирано учење и вежбање. 

Најчести посетители на страницата се учениците од основно образование, средношколците и студентите од техничките науки, а во периоди на тестови тука се и родителите, кои им помагаат на децата да ги решат задачите. 

Секој сериозен образовен систем во светот ја става математиката како приоритет во наставата бидејќи предметот има огромно значење во развивањето и градењето на личноста. Математиката наоѓа примена и во секојдневниот живот. Многу науки се тесно поврзани со овој предмет, така што математиката е основа за електротехника, медицина, економија, архитектура итн. Според содржината што се изучува, сметам дека во македонскиот образовен систем темелно се изучува предметот математика. Дополнително, за развојот и пред сè за разбирањето и полесното совладување, голема улога играат и страници како што е „Ематематика“. 

ПР објава

Слично

Поврзани вести