Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Раст за 4,3% во откупот и продажба на земјоделски производи

ДЗС: Раст за 4,3% во откупот и продажба на земјоделски  производи
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски  производи во октомври 2012 година изнесува 1 136 543 илјади денари што претставува зголемување за 4.3% во споредба со октомври 2011 година, соопшти Државниот завод за статистика. Според последните податоци вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 89.1%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 32.5%. Зголемување на вкупниот откуп и продажба е забележано кај следниве земјоделски производи: градинарските и фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, млекото, млечните производи и рибата, додека намалување на вредноста на вкупниот откуп и продажба е забележано кај: житата, индустриските растенија, овошјето и живината и јајцата. ТАБЕЛА: Откуп и продажба на земјоделски производи Извор: Државен завод за статистика
Слично

Поврзани вести