Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џорџ Сорос се жени по трет пат, за свадбата само подарци во плик

Џорџ Сорос се жени по трет пат, за свадбата само подарци во плик
Познатиот американски инвеститор и филантроп Џорџ Сорос ќе се жени по трет пат. Избраничката на Сорос кој наполни 83 години пред месец е 42 -годишната Тамико Болтон . Сорос и Болтон се запознале во 2008 година , а пред околу една година најавија и свадба. Според Telegraph , прославата ќе трае три дена , а наместо подароци сите гости ќе донираат на свадбата пари кои потоа ќе бидат искористени за бројни хуманитарни кампањи. Прославата веќе започнаа со свечена вечера која се одржа синоќа , додека за венчавката е одбрана зградата на Сорос во гратчето Бедфорд недалеку од Њујорк. На церемонијата присуствува само роднините на младоженците , вклучувајќи ги петте деца на милијардерот. Свечениот прием ќе биде вечерва , а  него се поканети повеќе од 500 гости меѓу кои претседатели, политичари и финансиери. Контото на Џорџ Сорос се проценува на околу 23.1 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести