Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џордан им „закуца“ на Кинезите: Моето име е мое име

Џордан им „закуца“ на Кинезите: Моето име е мое име

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан победил во спорот против Кина по повод користењето на заштитниот знак.

После четири години парница, екс кошаркарот ги убедил кинеските судови дека локалната компанија за спортска опрема незаконско го користи неговото име и број на познатиот дрес 23 како би заработила.

Да потсетиме, Џордан минатата година го изгуби овој спор, после  што се жалеше.

Ова е само еден во низата судски спорови околу повредата на жиг, кои ги водат и компаниите Епл и Њу баланс, на пример.


Меѓутоа, Епл во 2012 година платил 60 милиони долари на фирмата Провју технолоџи од Шенжен, која прва регистрирала ајпод со заштитен знак во Кина во 2001 година.

Пописот на плагијати кои потекнуваат од земјите кои ги прозиваат за пиратерија и изработка на фалсификати им се придружи и една банка со лажно име Goldman Saks.

Сепак, оваа кинеска компанија која ги продава произвдите на Qiaodan (Џордан на кинески) во 6 000 продавници во земјата, ќе мора да се откаже од тоа лого.

„Среќен сум што Врховниот суд го призна правото на заштита на името од злоупотреба“, рекол Џордан.

Слично

Поврзани вести