Џез за почетници
Кога се вратив од студиите во Белград очекував дека Скопје ќе ми биде попатна станица за освојување на светот. Не очекував дека Славица од Министерство ќе ми ја изгуби дипломата, поточно дека ќе ја забута позади залихата на кафе, не очекував дека ќе ги пропуштам сите рокови за аплицирање надвор заради Цаци, не очекував дека ќе бидам примена на државна академија за Костимографија во Сан Диего и дека тоа ќе ми остане на ниво на сон заради административен општествен фелер.
Да се разбереме, не можев да паднам во поголема депресија. Немаше сила на светов што можеше да ме извади од пижами и од дома. Седум месеци не сакав да се соочам со никаква реалност околу мене, не можев да гледам луѓе а најмалку да зборувам со нив.
Целиот текст на Женски магазин, овде.
