Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏАБЕ ПАНИКА: Македонија не ги прекршила правилата за извоз во Русија

ЏАБЕ ПАНИКА: Македонија не ги прекршила правилата за извоз во Русија
Македонските стопанственици не вршеле реекспорт на европски производи на рускиот пазар како да се македонски, покажа истрагата на домашните институции. И покрај недовербата од руска страна, во одговорот испратен до Москва стои дека проверките утврдиле дека правилата не се прекршени. Целокупниот извоз на земјоделски производи во Русија се состои од македонско овошје и зеленчук, вели министерот за економија Беким Незири. „Нашите заклучоци ќе ги доставиме до Руската Федерација за да се направи споредба со нивните и очекуваме во најскоро време овој случај да биде затворен“, нагласува Незири. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев комуникацијата со Русија е во тек, а дури потоа Владата ќе излезе со попрецизни информации во поглед на она што е направено и утврдено, кога и ќе го соопшти епилогот на руските сомнежи. Официјална Москва ја обвини Македонија дека врши реекспорт на храна од ЕУ за рускиот пазар, па поради тоа дури и се закани со стопирање на целокупниот увоз од земјава.
Слично

Поврзани вести