Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двојни дипломи и британски стандарди: Дипломираше шестата генерација на Скопје Метрополитан Колеџ

Двојни дипломи и британски стандарди: Дипломираше шестата генерација на Скопје Метрополитан Колеџ

Вчеравечер апсолвентите од „Скопје Метрополитан Колеџ“, свечено ги фрлија своите капи во воздух и прославија за новиот академски успех. Ова беше шестата генерација на дипломирани студенти на овој колеџ, а оваа година имаше 26 дипломирани студенти.

Оваа година меѓу дипломираните беа студентите кои беа трета генерација на насоката „BA Business Administration“, четврта група од „MBA Master of Business Administration“, трета генерација од „MSc International Events, Leisure and Tourism Management“ и втората група од „MSc Computer Networking and Cyber Security“.

Свеченото врачување на дипломите на студентите беше направено од страна на деканот на овој факултет, Љубиша Петрушевски, професорот Константинос Мицакис, академик и тутор на „Лондон Метрополитан Универзитетот“ и доктор Марија Стојанова. На настанот пристуствуваше и Никола Стојановски, директор на Британската Бизнис Асоцијација за Северна Македонија.

Деканот на факултетот одржа говор со кој им посака добредојде на студентите и искажа благодарност до Британската Бизнис Асоцијација за Северна Македонија за поддршката во образование, како и до партнерот Ранко Цветковиќ кој е од самиот почеток со нив и до сите вработени, професорите, администрацијата и сите кои потпомогнале во процесот за дипломирање на студентите.

- Оваа година имаме група од 26 дипломирани студенти, кои ги завршија овие би рекол „тешки“ академски програми кои се сосема различни од македонските студиски програми. Дипломите носат повеќе од знаење. За време на студиите, „трениравте“ дисциплина што е многу важно денес во свет на социјалните мрежи, кога луѓето го преокупираат мозокот со безброј непотребни информации, кои го попречуваат процесот на учење. Студирајќи според британско образование, научивте да се прилагодувате на тамошните правила, да работите за време на студиите, да работите со рокови. Добивте нешто интернационално и модерно, бидејќи во свет кој постојано се менува, успеавте да се адаптирате на сите промени. Горди сме на нашата мисија, која ја остваруваме веќе 23 години откога станавме партнери. Горди сме на тоа што можеме на студентите од Северна Македонија и светот да им овозможиме интернационално препознаено образование – рече деканот на факултетот, Љубиша Петрушевски во своето обраќање кон студентите.

Во својата изјава, деканот потенцираше дека британското образование го имаме тука во Македонија и нема никаква потреба да се оди во странство за студии што би биле дополнителен финансиски трошок за родителите и студентите. Им честиташе на студентите за нивниот успех, ги советуваше да размислуваат критички, етички, да ги почитуваат сите, да не се плашат и да се натпреваруваат на глобално ниво со своето знаење.

Претседателот на Одборот на директори на „Скопје Метрополитан Колеџ“, Ранко Цетковиќ, им честиташе на дипломците и им посака успешна и плодна кариера. Тој нагласи дека претставува неизмерно големо задоволство и сатисфакција да се биде дел од поширокото семејство како валидиран партнер на „Лондон Метрополитан Универзитетот“ од Обединетото Кралство, како единствен нивен центар на Балканот и пошироко.

Меѓу присутните на настанот беше и професорот по „Business and Law“, Константинос Мицакис од „Лондон Метрополитан Универзитетот“ кој им посака успех на студентите.

-Импресиониран сум со тоа колку луѓето се амбициозни, паметни и сакаат да испробуваат многу работи. Пред неколку месеци станав дел од тимот на „Скопје Метрополитан Универзитетот“ и би сакал да кажам дека оваа диплома значи многу. Стандардите се високи и заедно со деканот вложивме многу труд во ова: разговаравме со студентите за тоа што им се допаѓа и што не им се допаѓа, разговаравме и со академскиот персонал за нивното искуство. Имаме одлична експертиза, добри луѓе, амбициозни, кои можат да направаат добри работи. Им честитам на студентите – изјави Професорот Мицакис.

Посебна поддршка студентите добија и од Никола Стојановски, директор на Британската Бизнис Асоцијација.

-Денеска не го прославуваме само академскиот успех, туку и можноста да креираме подобра иднина. Вашиот успех доаѓа во историски момент кога односите меѓу државите се посилни од било кога. Обединетото Кралство е вториот најголем бизнис партнер на Северна Македонија и водечки инвеститор во државата. Британските компании кои работат тука, поставија стандарди, бизнис етика и иноваци како пример за нас. Скопје Метрополитан Колеџ го носи духот на британското образование, систем кој е светски препознаен, со светски стандарди и знак за квалитет. Универзитетите од Обединетото Кралство се меѓу најстарите и најпрестижните универзитети и секоја година се наоѓаат на врвот на Шангајската листа и оваа традиција се практитува и во оваа институција каде се студира по британски стандарди и со практично знаење, критичко размислување и професионална етика, сето тоа, студирајќи од Скопје – изјави Стојанов, посакувајќи им успех на студентите.  

Во својата изјава за „Фактор.мк“ деканот на факулетот сподели дека оваа година имаат запишано рекорден број на студенти – 70 студенти и се гордее со тоа што се зголемува интересот за студиите. Скопје Метрополитан Колеџ е всушност британски државен универзитет каде студентите кои успешно ќе ги завршат студиите добиваат двојна диплома – македонска и британска, студирајќи од Скопје.

-Најголема среќа е да видите млади луѓе на кои им давате сила в раце, самодоверба, да си ја сакаат државата, да си останат овде ама да добијат првокласно образование – додаде Петрушевски.

ПР Објава


Слично

Поврзани вести