Движете се повеќе за да останете млади
Според научниците вежбањето за седум пати ги зголемува шансите за здраво стареење. Дури и постарите луѓе кои што воопшто не вежбале, ако започнат да го прават тоа, шансите за здраво стареење се зголемуваат за три пати.
Придобивките од вежбањето вклучуваат подобрена циркулација и подобрено здравје на коските, мускулите, кардиоваскуларниот систем и сите органи. Дури и кај мозокот се забележуваат подобрувања, зголемена е комуникацијата помеѓу невроните и намалена е загубата на мозочната маса која што е поврзана со стареењето. Менталните способности исто така се подобруваат.
Луѓето кои што барем еднаш неделно практикуваат средни до тешки физички активности имаат за три до четири пати поголема веројатност да останат здрави со текот на стареењето.
Слично
