Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две илјади тони „ајварка“ ќе влезат во Македонија без давачки

Две илјади тони „ајварка“ ќе влезат во Македонија без давачки
Спас за конзервната индустрија погодена од недостигот на пиперката „ајварка“ - Владата одлучи да дозволи увоз на 2.000 тони пиперка за да се задоволат потребите на преработувачите. Еден месец Владата го анализираше пазарот пред да ги прифати барaњата за укинување на давачките за увоз на индустриски пипер и да ја намали царинската стапка за увоз на доматно пире. Увозните давачки за индустриската пиперка се укинуваат до крајот на годината за околу 2.000 тони, од кои еден увозник може да внесе најмногу 25% односно до 500 тони, појасни владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Царинската стапка за увоз на доматно пире е преполовена до 30.06.2015 година. Увозот е ограничен на 500 тони, а еден увозник ќе може да увезе најмногу 125 тони. Конзервната индустрија се соочи со недостиг на пиперка за производство на ајвар и други производи заради што не можеше да ги реализира преземените обврски за извоз. Причината за ова се гледаше делумно во лошите временски услови. Земјоделците, пак, тврдеа дека дел од причината лежи и во неисполнувањето на обврските на преработувачите со што останувале немотивирани да садат.
Слично

Поврзани вести