Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две години затвор за поранешниот директор на Џумајлија

Две години затвор за поранешниот директор на Џумајлија
Екс-директорот на агрокомбинатот „Џумајлија“ Зоран Даневски е осуден на две години затвор затоа што носел одлуки без согласност и одобрение на Собранието на доверители на комбинатот. Светиниколскиот бизнисмен е осуден во отсуство, бидејќи и натаму е во бегство откако против него беше покрената кривична пријава. Во судот во Штип се водат уште две постапки против Даневски - за злоупотреба на службената положба и овластување и за затајување на данок при продажба на вино, а други три постапки се водат и пред Основниот суд во Свети Николе, меѓу кои и за исчезнувањето на државните резерви од жито и јачмен, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.
Слично

Поврзани вести