Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца македонски градоначалници завршија во притвор на бугарската граница

Двајца македонски градоначалници завршија во притвор на бугарската граница
Утрово беа ослободени двајцата македонски градоначалници кои синоќа биле приведени на македонско-бугарската граница , на преминот „Станке Лисичково“. Станува збор за градоначалникот на Виница Емил Дончев и на Кочани Ратко Димитровски, објави Макфакс, кои биле приведени откако граничарите нашле  20 парчиња ловечка муниција и 100 куршуми за оружје со мал калибар. Како што објави бугарската агенција Фокус, градоначалникот на Благоевград, Атанас Камбитов, ги посетил во текот на постапката, а тие се правдале дека куршумите најдени во касетата на автомобилот биле на Бугарин чиј бил автомобилот со кој се превезувале. „Кон 19. 30 часот синоќа , на граничниот премин Станко Лесичково , во заедничка проверка на граничната полиција и Агенција е проверен излегуваше автомобил ” Цитроен ” , со македонска регистрација. Во касетата на возилото се пронајдени 20 ловечки куршуми и 1 кутија со 100 патрони калибар 22. Известен е дежурниот окружен обвинител во Благоевград и по негова наредба , на уапсените им е изречена мерка притвор од 24 часа. Двајцата мажи се македонски граѓани на 39 и 57 години“, пишува Фокус. Дончев и  Димитровски се приведени додека се враќале од форумот „Бизнис без граници“, кој се одржа во Благоевград.
Слично

Поврзани вести