Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дубаи веќе го има и првиот робот-полицаец

Дубаи веќе го има и првиот робот-полицаец

Дубаи веќе неколку години го зачудува светот со постигнувањата и е прв во многу насоки. Сега емиратот го означи почетокот на нова ера и во технологијата. Таму веќе е на служба и првиот робот-полицаец. Тој се нарекува Риим (Reem) и е дело на шпанската компанија PAL Robotics.

Не си мислете дека, сепак, тој е нешто како Робокоп и ќе се втурне да гони криминалци.

Опремен со екран осетлив на допир како таблет, интегриран во неговото тело, роботот е дизајниран да служи за прифаќање на сигнали од граѓани за злосторства или прекршоци, прифаќање на документи и исплати на патни казни.

Барем таков е почетниот модел на робот. Не е јасно дали Риим, кој веќе е на служба во полицијата, добил дополнителна надградба, но од дубајската полиција соопштија дека работат на интеграција со вештачка интелигенција на IBM - Watson.

Во соопштението од полицијата на Дубаи додаваат дека планираат да користат бројни роботи во работата во иднина. 

„Сакаме да ги направиме услугите повеќе „паметни“, вели Калид Насер Ал Разуки, генерален директор на единица за паметни услуги на полицијата во емиратот пред изданието Gulf News.

Според информациите на локалните медиуми, еден основен модел од новиот робот-полицаец Риим чини 185 000 долари. Тој може да се усовршува со дополнителни модули, но тоа ја зголемува цената.

Слично

Поврзани вести