Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државната Ревизија откри недоследности во работењето на Државното правобранителство

Државната Ревизија откри недоследности во работењето на Државното правобранителство
Немање на евиденција за предметите, недоследности во ситемот на спроведување и на контрола на јавните набавки , опасност од двојна наплата на исто побарување од страна на извршителите. Серија недоследности откри Државната Ревизија во работењето на Државното правоибранителство. Еве дел од неправилностите : -Правобранителството нема евиденција за вкупните побарувања од странките кои требале да платат трошоци за застапување. -Првобранителството не располага со податоци за вкупните побарувања, за вкупно наплатените средства и за средствата кои остануваат ненаплатени. -Правобранителството нема евиденција за бројот на предмети што се наоѓаат кај извршителите, ниту пак кај кој извршител колку предмети има. -Извршителите немаат восопставено соодветен систем на информирање на Државното правобранителство за тоа кои предмети се во постапка, колкав износ е наплатен и што е преземено за целосна наплата. Иако ревизорите ја побарале комплетната документација при извршување на ревизијата, во најголем дел не биле презентирани бараните документи.

-Наведената состојба предизвикува потценување на приходите на Буџетот и можност дел од потребните средства да не бидата наплатени. “ - пишува во Ревизорскиот Извештај.

Во меѓувреме правобранителството ги информирало ревизрите дека побарало информација од извршителите за бројот на предметите и нивното извршување – но извршителите не возвратиле со комплетна информација. Томку отсуството целосна еведенција на побарувањата може да доведе до двојан наплата на ист долг од една странка – заклучува ревизорот.

Исто така , ревизијата констатира неправилности кои не се во согласност со Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници. Постои неусогласеност помеѓу висината на неизрамнетите обврски што биле прикажани во Извештајот за попис и податоците презентирани во финасиските извештаи. Државното правобранителство испратило допис до ревизорите во кој се вели дека дел од забелешките се во постапка на корегегирање, со веќе донесени одлуки за промени во работењето.

       
Слично

Поврзани вести