Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државна лотарија на Македонија со ново катче за игрите на среќа во КАПИТОЛ МОЛ

Државна лотарија на Македонија со ново катче за игрите на среќа во КАПИТОЛ МОЛ

Овој викенд Државна лотарија на Македонија, го одбележа со отворање на уплатно - исплатно место за игрите на среќа, во најурбаниот трговски центар во Скопје - КАПИТОЛ МОЛ, во населбата Јане Сандански.

Празничната раздвиженост и расположение се зачини со мигови на радост и среќа со игрите на Државна лотарија на Македонија.

kapitol

Најсреќната добитничка доби 5.000 на инстант лозот ПОДАРОК, а нејзината радост беше посебно голема што не е примател на пензија, но токму за празникот на жената инстант лозот ПОДАРОК и подари 5.000 денари.

Жителите на населбата Јане Сандански кои редовно го посетуваат КАПИТОЛ МОЛ и своето празнично купување го реализираа овој викенд, беа видно изненадени и израдувани од можноста за учество во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Изненадувањето беше дотолку поголемо, што овој викенд со нив беше и убавата водителка Марјана Станојковска, па голем дел од нив не пропуштија а да не се фотографираат со неа.

marijana

Од овој викенд, па секој ден натаму КАПИТОЛ МОЛ ќе е место за среќа и добивки. Тимот на Државна лотарија на Македонија ве очекува да ви ги даде сите потребни информации за учество во игрите на среќа и добивките кои ги нудат. Ваше е само да и дадете шанси на својата среќа, можеби покрај убавите мигови на очекување и радост со помалите добивки, од КАПИТОЛ МОЛ ќе заминете со освоена голема парична добивка или автомобил.

Во среќата треба да се верува, од сега таа е поблиску до вас, во самиот влез на трговскиот центар КАПИТОЛ МОЛ.

Слично

Поврзани вести