Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државите со најмногу неработни денови: Аргентинците празнуваат, Русите и Италијанците се најмрзеливи

Државите со најмногу неработни денови: Аргентинците празнуваат, Русите и Италијанците се најмрзеливи
Кој не сака да оди на одмор? Експертите од „Hotels.com“ пресметаа кој ќе работи најмалку во 2013 година, собирајќи ги слободните денови за празници и платениот годишен одмор. Земјата со најмногу празници е Аргентина, во која во 2013 година има 19 неработни дена по различни поводи. Најдолг е одморот во Бразил - цели 30 дена. Но сепак ниту едната, ниту другата држава не го зазеде првото место меѓу земјите со најмногу слободни денови: 20. Индија Годишен одмор: 21 ден Официјални празници: 5 дена Индија е крстосница на многу култури и религии , па празниците во Индија се преплетуваат еден во друг. Инаку земјата има само три официјални празници. 19. Холандија Годишен одмор: 20 дена Официјални празници: 7 дена Жителите на Холандија имаат и дополнителни денови, бидејќи во големото холандско кралско семејство секоја година или некој се жени, или умира. Оваа година, Холандија ја испраќаше кралица Беатрикс, која се повлече од престолот и го пречека новиот крал Вилем Александар. 18. Јужна Кореја Годишен одмор: 15 дена Официјални празници: 12 дена Тука кон празниците жителите се однесуваат многу внимателно. Јужнокорејците не работат на празникот на полната месечина, а на Денот на сите светци-ги посетуваат гробовите на своите најблиски. Помеѓу невообичаените празници кога Корејците не работат е и Денот на градината-тогаш повеќето Корејци се занимаваат со изгледот на градините во домот. 17.Велика Британија Годишен одмор: 20 дена Годишен одмор: 8 дена Меѓу невообичаените празници на земјата е Празникот на пролетта во мај. На овој ден улиците се украсени со венци од цвеќиња и се одржуваат фолклорни фестивали. 16. Швајцарија Годишен одмор: 20 дена Официјални празници: 9 дена Швајцарците имаат само пет официјални празници за целата земја, но секој кантон има свои неработни денови. 15. Ирска Годишен одмор: 20 дена Официјални празници: 9 дена Ирска го зарази целиот свет да верува во зелената детелина и да се облекува во зелено на 17 март - Денот на Свети Патрик. 14. Германија Годишен одмор: 20 дена Официјални празници: 9 дена Германија ја слави работливоста, но се чини дека по слободни денови Германците воопшто не заостануваат. Празниците во Германија сепак се поврзани со фестивалите како Октоберфест и многу други бучни и весели денови. 13. Аргентина Годишен одмор: 10 дена Официјални празници: 19 дена Аргентина е на прво место во светот по официјалните празници поврзани со имињата на различни ликови. Одморот за компензација е доста скромен. 12. Австралија Годишен одмор: 20 дена Официјални празници: 10 дена Австралија е друг свет во кој сите празници се "свртени" наопаку: Нова Година и Божиќ се слават на лето, а Велигден-наесен. 11. Нов Зеланд Годишен одмор: 20 дена Официјални празници: 11 дена Во татковината на хобитите се слават необични празници како Денот на квадратчето или Денот на влечките. 10. Колумбија Годишен одмор: 15 дена Официјални празници: 18 дена Како ревносни католици, колумбијците не работат на сите големи католички празници. 9. Шпанија Годишен одмор: 22 дена Официјални празници: 12 дена Шпанците се лојални кон католицизмот и слават секоја година серија од верски празници, додавајќи кон нив и големо количество формални празници. 8. Данска Годишен одмор: 25 дена Официјални празници: 9 дена Тие имаат свои уникатни традиции. Така на пример, на денот на ослободувањето на Данска од германските војски, кој се слави секоја година на 5 мај, жителите оставатат во своите домови запалени свеќи. Необична традиција има и во чест на 11 ноември на прославата на Свети Мартин кога на трапезата се јаде печена гуска. 7. Бразил Годишен одмор: 30 дена Официјални празници: 5 дена Визит картата на Бразил е карневалот, па голем дел од одморот е поврзан со него. 6. Норвешка Годишен одмор: 30 дена Официјални празници: 10 дена Најголемиот државен празник во Норвешка е Денот на монархот. 5. Франција Годишен одмор: 25 дена Официјални празници: 10 дена Вкупно денови: 35 Во Франција најважните празници се Велигден, Божиќ и Денот на Бастилја. 4. Финска Годишен одмор: 25 дена Официјални празници: 10 дена Во Финска, во бројот на официјалните празници спаѓаат сите традиционални датуми. 3. Шведска Годишен одмор: 25 дена Официјални празници: 11 дена Официјалните празници во Шведска се поделени речиси подеднакво меѓу религијата и државата. Тие го слават и древниот пагански празник на летната долгоденица. 2. Италија Годишен одмор: 24 дена Официјални празници: 12 дена Во последните четириесет години Италијанците се откажаа многу религиозни празници, во кои претходно се одмараа. Но дури и така, денес Италија повеќе од која било друга земја ги слави католичките празници. 1. Русија Годишен одмор: 28 ден Официјални празници: 12 дена Освен за Денот на победата, Русите не работат на 8 март-Денот на жената, Велигден, 1 мај-Денот на трудот. Воопшто пролетта за нив е златна сезона.
Слично

Поврзани вести