Државата нуди субвенции за складирање на пченица во силоси
Државата нуди субвенции за складирање на пченица во силоси со цел да им излезе во пресрет на земјоделците.
Оние земјоделци кои планираат да ја продаваат пченицата кога ќе достигне повисока цена, можат да добиваат субвенции за нејзино складирање.
Пченицата можат да ја чуваат во силоси со кои ќе склучат договори. Субвенцијата за складирање на пченицата за покривање на дел од трошоците е за период од 2 до 6 месеци.
Корисници можат да бидат земјоделци кои претходно имаат поднесено барање за субвенции за пченицата, договор за складирање, и имаат платено 20% од трошоците.
Субвенцијата е 80% од износот за складирањето или најмногу до 60 денари по тон за еден месец.
Земјоделците за финансиската поддршка треба секој втор месец да поднесуваат барања до Платежната агенција, а агенцијата ќе ги исплаќа секои 60 дена.
