Државата ќе помогне пченицата да не биде под 11 денари
Секој земјоделец што го пријавил производството на пченица ќе добие по 6.000 денари за хектар или по два денара за килограм дополнителна субвенција.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска најави дека ова е една од мерките со кои државата ќе им помогне на производителите да добијат по минимум 11 денари за килограм лебно жито од годинашната реколта. Мелничарите деновиве најавија откупна цена од најмногу осум денари.
„Обезбедивме 80% субвенции за складирање на 30.000 тони пченица, од кои 15.000 во Прилеп и уште толку во „Жито Вардар“. Тоа значи дека земјоделците ќе треба да плаќаат по само 12 денари месечно зашто чувањето на лебното жито е 60 денари за тон“ - вели Цветков. Според него, цената на пченицата, како и на секој друг земјоделски производ, ќе ја дефинира пазарот.Министерството ќе интервенира и со помош за складирање на пченицата што ќе ги намали количините на пазарот, а тоа последователно ќе ја зголеми цената.
Нова средба меѓу мелничарите и производителите на пченица ќе има в понеделник.
Слично
