Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државна Лотарија со важно инфо за играчите на игри на среќа

Државна Лотарија со важно инфо за играчите на игри на среќа

Државна Лотарија ги известува играчите на игрите на среќа, а особено добитниците на добивки вредни над 5 000 денари, дека Благајната на Државна Лотарија која се наоѓа во седиштето на друштвото, или поточно во зградата на МРТ , во Скопје, ќе биде отворена секој работен ден од 10 до 14 часот. Истото работно време ќе се однесува и на регионалната благајна во Кочани.

Од таму потсетуваат дека рокот за исплата на добивките на Лото 7 и Џокер е 30 дена од објавувањето на официјалниот извештај, а исплатата на добивките од инстант лотаријата е 30 дена по завршувањето на продажбата на серијата од тој инстант лоз.

Исто така имајте на ум дека одлична можност да ги одиграте вашите среќни броеви е ONLINE уплатата преку www.loto.mk  која ја олеснува и исплатата на добивките директно на вашата сметка.

#SediSiDoma  играј Лото ONLINE 


Слично

Поврзани вести