Држава купи дело од Да Винчи од колекционер
Полска ја купи „Дамата со херменлина" на Леонардо Да Винчи од приватен колекционер.
Колекцијата од која е дел сликата вклучува графика на Рембрант Херменсон ван Рејн и цртежи на Пјер Огист Реноар.
Министерството за култура и национално наследство на Полска потпиша договор со фондацијата на принцот Чарториски за стекнување на вредни колекција, вклучувајќи ја и познатата слика „Дамата со хермелина" на Леонардо Да Винчи, пренесоа светските новински агенции. Свечената церемонија се одржа во Кралскиот дворец во Варшава.
Делото е единственото на големиот мајстор, кое се наоѓа во Полска.
Семејство Чарториски се занимава со колекционирање на сите овие богатства во текот на повеќе од 200 години.
Слично
