Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дружи се, освежи се, информирај се !!!

Дружи се, освежи се, информирај се !!!

По повод одбележување на манифестацијата „Денови на финансиска писменост“, во периодот од 29 мај до 31 мај 2019 г., „Кроациа осигурување Живот - АД Скопје“ ги отвора своите врати за сите заинтересирани граѓани, спроведувајќи бројни информативно-едукативни средби.

Пред Дирекцијата на „Кроациа осигурување Живот - АД Скопје“ на ул. „Костурски херои“ бр.38 (зад Универзална сала) ќе има инфо-пулт, каде што од 11 до 18 часот сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат информации за производите за животно осигурување на „Кроациа осигурување Живот - АД Скопје“, да се освежат со ладни и топли пијалаци и да учествуваат во наградната лотарија.

Составен дел на дружењето, секој ден од 29 мај до 31 мај 2019 г., во периодот од 13 до 15 часот ќе биде и маскотата - крокодилчето КОКО, кој секогаш има изненадувања за најмалите посетители.


Слично

Поврзани вести