Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дружење со Даниел Кајмакоски во Skopje City Mall за успешен старт на новата учебна година

Дружење со Даниел Кајмакоски во Skopje City Mall за успешен старт на новата учебна година
Деновиве кои изминаа и кои секој родител ги користи за подготовка на своето дете за првиот училишен ден, Скопје Сити Мол го направија да изгледа како епицентар на сите забавни случувања за најмалите. Креативни работилници за развој на умствените вештини, едукативни работилници со логички игри, работилници со ликови од детки книги и филмови, како и промоција на уметничките дела од децата кои беа дел од летниот камп на игротеката Имагинариум се само дел од активностите предвидени за најмладите. За сите родители, интересен е фактот дека во продавниците во молот е претставена и голема понуда на училишни материјали, прибор, ранци, книги, но и најнова модерна технологија за најмалите по супер намалени цени и промоции. Дополнително изненадување, покрај сите овие активности, претставува и закажаната дружба со момчето со најголем Х Фактор во себе -  Даниел Кајмакоски. Истата е закажана за утре, понеделник 01.09.2014 година, со почеток во 18:00 часот, во просториите на Скопје Сити Мол. Скопје Сити Мол ги кани сите деца и родители да бидат дел од ова дружење и да добијат распоред на часови потпишан од Даниел Кајмакоски, за заеднички да им посакаме среќа и успех во новата учебна година.
Слично

Поврзани вести