Дружба со Калиопи - по повод денот на штедење
Честит светскиот ден на штедењето!
Стопанска банка АД – Скопје како и секоја година го одбележува денот на штедење кој е креиран не само да го поттикне штедењето туку и да обезбеди поширока платформа за разбирање на ефектот од штедењето за економијата и општеството. За таа цел, во текот на овие 2 недели, во i-bank store доаѓаа и ќе доаѓаат ученици од основно, средно, но и деца од градинките во Скопје со цел да научат нешто повеќе за штедењето, улогата на банките и начините како да се создаде и искористи заштедата за подобро утре.
Дополнително, денес во 17часот во i-bank store, Банката организира мал настан/дружба со Калиопи, на кој Ве покануваме со вашите семејства. Повелете на дружбата при што децата ќе имаат можност да бојат, учат, играат, но и да добијат подароци за вложениот труд. За најсреќните, Банката ќе додели и 10 депозити со што ќе им помогне да го започнат процесот на штедење и создавање на идни вредности.
