Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАКОНСКИ КАЗНИ: Ако летувате тука, никако не понесувајте за дома песок или школки!

ДРАКОНСКИ КАЗНИ: Ако летувате тука, никако не понесувајте за дома песок или школки!

Од први август оваа година, секој кој ќе се обиде од островот Сардинија со себе да понесе мала количина песок или школка би можел да биде казнет со 1 000 евра.

Се работи за нов закон поради кој досега се казнети четворица туристи кои се фатени на аеродромот Елмас.

Законот е воведен на инсистирање на локалното население, кое веќе со години се жали како многубројни туристи им однесуваат природни богатства.

„Ако некој земе мало шише песок тоа не изгледа како полно. Но ако секој од милион туристи тоа го направи, тони и тони песок ќе снемува секоја година, тврдат активисти кои се избориле за донесување на законот.

Царинските службеници го пребаруваат багажот во потрага за природни богатства кои сега се заштитени.

Слично

Поврзани вести