Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драчево ќе добие нова градинка

Драчево ќе добие нова градинка
Привршуваат градежните работи за реконструкција, преадаптација и доградба на градинката „Ѕуница", која се наоѓа во состав на основното училиште „Св. Климент Охридски" во селото Драчево. Новата градинка, ќе згрижи приближно 90- тина деца од јаслена возраст во една група и деца на возраст од три до пет години во две воспитни групи. Средствата со кои се финансираше работата на овој објект во целост се обезбедени од страна на Општина Кисела Вода, а внатрешното опремување на објектот со мебелопрема и сл. се реализира со заеднички средства на општината Кисела Вода и на ЈДГ"8 Март". Градинката ќе биде пуштена во употреба следната недела.  
Слично

Поврзани вести