Dr.Dre е најбогатиот рапер во последните 10 години
Dr.Dre еден од татковците на хип-хоп културата на Западниот брег на САД е убедливо на врвот на листата на најплатени рапери во последните 10 години надминувајќи ги успешните продуценти како Пи Диди и Џеј Зи.
Според магазинот Форбс за тој период Dr.Dre заработил околу 1 милијарда долари, а тоа се должи на повеќе успешни албуми за други рапери како Еминем и 50 Сент, потоа одличната продажба на старите хитови уште од времето на N.W.A. и секако продажбата на Beats Audio компанијата на Apple за 3 милијарди долари.
Носталгијата кон хип-хопот од 90-тите му донесе и ултра популарен филм Straight outta Compton кој ги прикажуваше почетоците токму на неговата група со Изи И и Ајс Кјуб на кој Dr.Dre беше ангажиран како продуцент.
Слично
