Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доволни ли се 100 денари да се преживее еден ден!?

Доволни ли се 100 денари да се преживее еден ден!?
Повеќе од три четвртини од вработените во светот имаат само привремена или работа по час, односно во целина нестабилна работа. Ова го покажува анализата на Меѓународната организација за труд (ILO), дел од ОН. Дел од луѓето, определени со нестабилна вработеност, се само-осигурени, покажува истата анализа. Причината за ова е што вработените во семејни компании пример често работат без плати. Во некои случаи нестандардните форми на работа можат да им помогнат на луѓето да не губат работни навики, но од друга страна овие работници не се сигурни во иднина, дополнуваат од организацијата. Извештајот на ILO се подготвува врз основа на анализи од 180 држави или 84% од работниот потенцијал на глобално ниво. Оценката покажува дека во периодот 2009 - 2013 година откриени работни места по час се повеќе од вработените на полн работен ден. Организацијата додава дека во часовното вработување само по себе нема ништо лошо, особено за оние кои бараат дополнителна работа, но не секогаш овој тип вработување е по вкусот на вработените и ги задоволува нивните потреби. Општо земено 201 милиони луѓе во светот немаат работа, но сакаат да работат, покажува извештајот на организацијата. Иако сигналите за подобрување на глобалната економија бројот на невработените се со 30 милиони луѓе повеќе во однос на 2008 година, односно пред почетокот на финансиската криза. Податоците покажуваат дека околу 25% од вработените во светот живеат со помалку од 2 долари на ден. Околу 10% од глобалната работна сила живее со приходи од под 1,25 долари на ден. К.К.
Слично

Поврзани вести