Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОПРВА ОДИТЕ НА ОДМОР: Внимавајте на овие нешта на Скијатос во Грција

ДОПРВА ОДИТЕ НА ОДМОР: Внимавајте на овие нешта на Скијатос во Грција

Островот Скијатос уште го нарекуваат и „Егејски рај“. Меѓутоа, во секој рај постојат некои детали на кои треба да внимавате за да не дозволите апсолутно ништо да Ви го расипе совршениот летен одмор.

Силно сонце

Обично кога се оди на одмор на море, сите со себе носат масло или млеко за сончање, со соодветен заштитен фактор. Но, кога станува збор за Скијатос, особено е важно да не заборавите на овој детаљ, бидејќи на островот дува топло ветре што создава пријатна атмосфера, па многу лесно можете да заборавите на сончевите зраци и бргу да изгорите. Исто така, препорачливо е во периодот помеѓу 14 и 16 часот, доколку сте на отворено, да си најдете убава сенка или во најмала рака добро да се намачкате со заштитниот производ.

Вода за пиење

На места на кои станува претерано жешко, а особено кога сте крај море, неопходно е постојано да внесувате течности за да избегнете дехидрација и вртоглавици. На Скијатос препорачливо е да си купувате флаширана вода. Од вечер, ставете си шишенце во фрижидер, за наутро, кога ќе излезете, да биде студено и да остане студено што е можно подолго.

Комарци

Нормално е на сите места што се наоѓаат покрај вода да има зголемена фреквенција на комарци, особено во часовите на самракот и во почетокот на вечерта. Ако во тој период се наоѓате покрај морето, а особено ако сте блиску до Кукунарис, тогаш не заборавајте да понесете средство за заштита од комарци. Убаво намачкајте ги сите делови од кожата што не Ви се покриени со облека, за да не ја минете ноќта во чешање.

Слично

Поврзани вести