Економија, финансии, бизнис

Контакт

Донација од 123.000 денари за Центарот за даунов синдром

Донација од 123.000 денари за Центарот за даунов синдром

Центарот за даунов синдром доби 123.000 денари донација  од хуманитарниот настан „Вино и сирење“, што се одржа вчера во Скопје, во организација на Меѓународното здружение на жени - Скопје.

Со свои активности во одржување на настанот помогнаа и волонтери со Даунов синдром и ученици од меѓународните училишта „НОВА“.

За учесниците на настанот беа организирани лотарија и аукција на вина, а  имаа можност да купат и примерок од „Македонскиот вински водач“. Пред нив беа претставени активностите на новоотворениот Центар за даунов синдром и на Меѓународното здружение на жени кое постои повеќе од деценија и помага на ранливите групи мајки и деца со добротворни проекти.

Слично

Поврзани вести