Донаторски коктел за изградба на детски ургентен центар
Во Младинскиот културен центар вечер (19:30) ќе биде одржан донаторски коктел за ВИП личности во рамки на Националната кампања за собирање средства за изградба на детски ургентен центар на Универзитетската клиника за детски болестиво во Скопје.
Настанот е под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.
Иницијатори на кампањата се Амбасадата на Кралството Холандија, сопругата на амбасадорот на САД во Македонија Џо Волерс, невладината организација „Линк акрос“ и маркетинг агенцијата „Њу момент“.
Слично
