Донаторска акција на Веро за поддршка на образованието на децата од СОС Детско село
Водејќи се од желбата и досегашната практика да им помага на најранливите категории граѓани, Веро и годинава организира хуманитарна донаторска акција наменета за децата без родителска грижа од СОС Детско село. Донаторската акција ја организира со цел да го поддржи нивното образование, овозможувајќи им подобри услови за школување и еднакви шанси во образовниот процес.
Хуманитарната акција може да ја поддржат сите граѓани преку купување на посебно означени производи од училишната програма во сите Веро маркети и Jumbo продавници. Во периодот од 15 август до 15 септември, за секој купен означен ранец се донираат 30 денари за СОС Детско село, за училишен несесер 10 денари, а за купување на секој означен молив, пенкало, тетратка или друг училишен прибор се донира по 1 денар. Сите средства од оваа донаторска акција се собираат во специјалниот фонд за СОС Детско село и се наменети за образовните потреби на децата без родители.
Од СОС Детско село ја поздравуваат хуманитарната акција на Веро, истакнувајќи дека и оваа година таа има големо значење за децата без родители и родителска грижа.
- Испраќаме голема благодарност до Веро и нивните партнери бидејќи повторно излегоа во пресрет во време на пандемија и не ги заборавија дечињата поддржани од СОС Детско село. Оваа хуманитарна донаторска акција ќе помогне тие да добијат еднаква шанса за образование, со надеж за подобра иднина. Горди сме што можеме да кажеме дека имаме партнер како Веро – истакнува Јулијана Гапо, нацонален директор на СОС Детско село.
ПР објава
