Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домот и рајските градини на Опра Винфри

Домот и рајските градини на Опра Винфри
Не ни очекувавме ништо помалку од најмоќната жена во шоу бизнисот. Иако таа поседува куќи и апартмани насекаде во САД, овој дом е единственото место каде таа вистински ужива и одмара. Опра Винфри, не само што има прекрасна куќа, туку таа е опколена со рајски градини, цвеќиња, зеленило, фонтани и скулптури. Како што самата таа сака да каже ова е нејзината „ветена земја“, таму медитира, ужива, слуша музика и никоаш, ама буквално никогаш тука не работи. Овој дом на Опра се наоѓа на екслузивна локација во Монтесито, Калифорнија. Целиот имот има површина од 23 илјади метри квадратни, а вредноста изнесува 85 милиони долари. Опра изјавила дека не сака многу да се разликува од обичниот народ, па така домот го нема уредено со најлуксузен ентериер и опрема. Но, она што навистина го прави овој дом посебен, е неговата топлина, розите, зеленилото и атмосферата.
Слично

Поврзани вести