Економија, финансии, бизнис

Контакт

Домашни ИТ професионалци работат на светски проекти- се започнува со практична едукација

Домашни ИТ професионалци работат на светски проекти- се започнува со практична едукација

Во последните неколку години, расте бројот на ИТ професионалци од Македонија кои стануваат дел од дигиталната трансформација на интернационални компании. Од соработка со клиенти низ целиот свет, до учество во развој на напредни решенија базирани на Microsoft технологиите – македонски експерти сѐ почесто се наоѓаат зад клучни светски проекти.

Но, што е заедничко за многумина од нив? Практична едукација и рана вклученост во реални работни сценарија уште пред трансформацијата на нивната кариера и ново вработување.

Програмите во Axapta Learning Center нудат структуриран и применлив пристап кон учење, кој ги подготвува слушателите не само за вработување, туку и за брзо вклучување во проекти со високо ниво на одговорност.

Фокусот на програмите не е само на стекнување технички знаења, туку и на комплетна трансформација на кариерата – од луѓе без искуство или од други индустрии, до подготвени ИТ професионалци со конкретни вештини и практична самодоверба.
Програмите вклучуваат практична работа со бизнис-сценарија, менторска поддршка од искусни консултанти и пристап до алатки како Microsoft Dynamics 365, Power Platform и BI решенија – токму оние технологии кои се клучни на глобалната сцена.

“Како што одминуваа часовите и се изучуваа модулите, проблематиката на Dynamics 365 се повеќе го привлекуваше моето внимание.Позавршувањенапрограмата, решивдекаќегипотврдамсвоитезнаењаисестекнавсоофицијален Microsoft certificate. Сетоовамеохрабридамоето 17 годишноработноискуствовофинансискиотсекторгопроменамидапродолжамсосвојоткариеренразвојвоновправец, однеодамнаикакоделодтимотна Axapta Masters”, вели Никола Калушоски , поранешен студен на програмата за Business Analyst.

Освен техничките вештини, студентите се стекнуваат и со комуникациски и презентациски способности, вештини за тимска работа и управување со задачи – компетенции што глобалните компании ги препознаваат и вреднуваат.

Со секоја нова генерација учесници, пазарот добива нова група на професионалци кои работат глобално. Токму овие приказни се доказ дека со квалитетна едукација, поддршка и мотивација – ИТ кадарот од регионот може да биде конкурентен и препознатлив на светско ниво.

ПР објава

Слично

Поврзани вести