Економија, финансии, бизнис

Контакт

Документите стигнаа до Москва – дали Македонија ги прекршува правилата за извоз?

Документите стигнаа до Москва – дали Македонија ги прекршува правилата за извоз?
Македонските власти ги испратиле во Русија документите од истрагата кои откриваат дали македонски извозници го кршеле трговското емберго на Русија кон ЕУ и извезувале европски производи на рускиот пазар прикажувајќи ги како македонски. Иако резултатите од истрагата се уште не се официјално објавени пред македонската јавност, додека Владата не усвои заклучоци, тие сепак биле испратени во Русија која тврди дека таква злоупотреба има најверојатно со увозот на јаболка и компири. Официјална Москва потврди дека ги добила податоците. Овие документи сега ќе се проверуваат и од руска и од македонска страна и врз база на нив ќе се утврдува дали можеби е правен реекспорт на производи од Европската унија преку македонски извозници. Доколку се потврди злоупотребата, на земјава и се заканува можност да се најде на „црната“ листа на земји од кои е забранет извозот во Русија. Македонските власти, пак, најавија дека во тој случај ќе следат и кривични пријави за извозниците кои се обиделе да манипулираат со извозот на рускиот пазар.  
Слично

Поврзани вести