Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доколку сакате среќата да влезе во вашиот дом, овие работи веднаш исфрлете ги!

Доколку сакате среќата да влезе во вашиот дом, овие работи веднаш исфрлете ги!

Доколку не се чуствувате добро во својот дом, можеби причината за тоа е во овие работи кои привлекуваат негативна енергија, и лошо влијаат на вашата аура. Доколку го менувате ентериерот во вашиот стан или куќа, прочитајте ја листата со работи кои дефинитивно треба да ги избегнувате.

Црна влезна врата

За црна врата може да се одлучите доколку влезот строго ви гледа на север, инаку никако не ги ставајте. И во тој случај можеби е побезбедно да ставите од посветлите бои.

Најдобра боја за влезна врата е светла или весела боја. Црвената боја на пример, за просперитет и изобилство, a зеленa симболизира природна атмосфера и пари.

Влезната врата би требало димензиски да биде и поголема и помасовна од останатите врати. Исто така, мора да биде  добро одржувана, не смее да шкрипи, бојата не би смеела да се лути, ниту бравата да се заглавува.

Ако живеете во куќа исчистете го целиот неред од тремот, од градината или околу куќата за да се овозможи слободен проток на енергија во вашиот дом.

Билки со трн

Остри и бодликави билки може да бидат магнет за лоша среќа. Затоа спoред Фенг Шуи не е препорачливо да одгледувате билки со трње, односно би требало со внимание да ги внесувате во околината бидејќи негативно влијаат на човечката аура.

Поедини билки можат да се издвојат како генерално позитивни. Билки со заоблени листови на пример. Како симбол на раст и напредок, се поставуваат оние во сектори во кои е пожелно да се поттикне добра енергија па оттаму чување во југоисточниот сектор на сребрена красула-билка од фамилијата кактуси, која нема боцки, и чии листови се месести, темнозелена боја која личи на дијамантот жад и донесува огромна благосостојба, бидејќи тоа е секторот на просперитет.

Билки со окружни и срцелики листови симболизираат билки на пари.

Билки кои симболизираат долговечност се палмите, љубичицата е цвет на уметноста, рамнотежата помеѓу земјата и небото, емоциите и разумот, љубовта и мудроста.

Во древна Кина, орхидеите за време на пролетните свечености, се употребувани за истерување на штетните влијанија. Главна била неплодноста. Орхисот (јајцето) како што кажува името, е симбол на оплодување, се смета за благотворен  и е јамка за зачнување и гаранција за татковство. Поради својата убавина орхидејата стана симбол на духовното совршенство и чистота.

Ако имате шанса одлучете се и за бамбус, бидејќи тој претставува мудрост на прилагодување и е добар заштитник во тешки времиња. Во ентериерот посебно се препорачува чување на Lucky bamboo -тоа е билка која им припаѓа на дрвото на животот, дрвото на љубовта и слично.

Календар на погрешно место

Календарот кој се наоѓа на вратата потсетува дека животот е минлив и затоа негативно влијае на квалитетот и должина на живот на домашните.

Огледало во спалната соба

Огледалото во собата за спиење привлекува неповолни влијанија кои ќе се одразат на здравјето, врската или бракот. Без разлика дали се на плафон, ѕид или ормар покрај креветот, создаваат одраз на луѓе кои спијат.

Симболично тоа изгледа како луѓето да се мртви, како настанува штетна енергија која произведува болест, а ако болеста веќе постои и ако се поклопи со уште неколку негативни Фенг шуи фактори, може сериозно да го загрози животот. Ако не можете да ги тргнете, прекријте ги со непроѕирна ткаенина пред спиење.

Пластично цвеќе, негативни слики, препарирани животни и маски

Маски од племе, било какво оружје, препарирани животни, слонови коски, фотографии и слики на тага, агресија и насилство, аранжманите од суво и пластично цвеќиња и се што потсетува на распаѓање и смрт -подобро тргнете ги од ѕидот.

Доколку чуствувате дека ве следи упорно лоша среќа, време е да ги фрлите во канта оние фотографии на бура или бродолом. Бродоломот е симбол на катастрофа, така да слики со таков мотив негативно влијаат на однесувањето и енергијата.

За просперитет и  долговечност ставете фотографии на бамбус, бор, елен, желки..

Симболи за поттикнување на угледот и репутацијата се феникс, паунови перја, петел.

За напредок во кариерата , работа , за просперитет и пари: графики со пари, слики од бамбус, шума, змеј, цветни мотиви со орхидеи, слики од јато риби или водопади.

За успех во љубивниот живот, наоѓање на партнер, одржување на врската со хармонија и долготрајност се препорачуваат фотографии на парови во прегратка, романтични аранжмани со ружи, божури, орхидеи, фотографии кои содржат пар како на пример пар риби, пар јаболки,пар галеби.

Слично

Поврзани вести