Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОКАЖАНО: Користењето на социјалните мрежи како антистрес терапија!

ДОКАЖАНО: Користењето на социјалните мрежи како антистрес терапија!
Но, само пред се за жените, тврдат научниците. Ако забележите дека вашата девојка, жена, партнерка, ќерка, сестра ...„висат“ на социјалните мрежи, пуштете ги. Тоа е добро за нивното здравје, пред се ментално. Според истражувањето на американските научници, користењето на социјалните мрежи пред се на Фејсбук и Твитер им помага на жените како некој вид антистрес терапија.

Истражувачкиот центар „Internet&American Life Project“ утврдил дека жените кои имаат Фејсбук и Твитер профили и редовно ги користат, помалку се подложни на стрес од оние кои немаат профили на тие социјални мрежи. Истражувањето покажало дека жените сакаат да користат Фејс, бидејќи така одржуваат контакти со семејствата и пријателите и се чуствуваат удобно, пријатно и посреќно кога „слушнат глас“ на некој близок или кога добијат поддршка од околината.

Понатаму жените, како столбови на семејствата и “промотори“ на семејните вредности и односи, препознаени како оние кои ги одржуваат тие односи, штедат време користејќи ги социјалните мрежи како би ги одржувале контактите со блиските личности, родители, пријатели ... Истражувањето покажало уште нешто: жените се многу активни корисници на Фејсбук и другите социјални мрежи од мажите, тие многу повеќе „шеруваат“ (споделуваат), лајкуваатм на некој начин како да сакаат повеќе да се ангажираа, да „се прашаат за мислење“ ... „Било да споделувате позитивни или негативни искуства, со споделувањето на содржината, секако се намалува стресот“, велат од истражувачкиот центар. Малку да се пошегуваме: сега, веројатно, ви е јасно, зошто Ким Кардашијан има тооолку фотоки на Инстаграм!  :)  
Слично

Поврзани вести