Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дојран гурман фест“- почна фестивалот на традиционална локална храна

„Дојран гурман фест“- почна фестивалот на традиционална локална храна

Со фестивалот на традиционална локална храна „Дојран гурман фест“, денеска започнува Дојранското лето 2013. Манифестацијата ја организира Туристичкото биро со поддршка од општината, а ќе се одржи во паркот во Нов Дојран и ќе биде фестивал на традиционална храна од дојранското поднебје.

За дојранските специјалитетети ќе се активираат сите здруженија на жени кои ќе приготвуваат  крап, перкија, белвица и сом, кои помладите од Дојран никогаш не ги вкусиле или пак ги имаат заборавено, но исто така нема да изостанат и вкусните пекарските производи за искуството да биде целосно.

Надлежните најавија дека општина Дојран и понатаму традиционално и со голема гордост ќе организира ваквите настани за промоција на регионот иразвој на туризмот.

Слично

Поврзани вести