Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја

Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја

- Според рангирањето на Brand Finance Global 500 Дојче Телеком е највреден европски телекомуникациски бренд

Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 36,4 милијарди американски долари.Според рангирањето на Brand Finance Global 500, ова претставува зголемување од 10% во споредба со минатогодишната вредност.Со овој позитивен резултат компанијата повторно е највреден телекомуникациски бренд во Европа, пред Vodafone и Orange.  Од неговото повторно воведување во 2008, вредноста на брендот постојано расте, и се зголеми за импресивни 309%.

Дојче Телеком е исто така вториот највреден германски бренд во светот, после BMW.По нив следуваат Mercedes-Benz, VW и Siemens.

Секоја година, Brand Finance ги определува  највредните брендови во светот. Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилната стратегијата за брендот. Исто така, телекомуникациската компанија успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, пришто истовремено направи долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот.

Македонски Телеком е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2006 година.

Повеќе информации за студијата Brand Finance Global 500 можете да најдете на веб страницата http://www.brandfinance.com

Слично

Поврзани вести